Манчестер Јунајтед внимателно ги бира потезите во овој преоден рок, па иако навивачите можеби очекуваат некоја „бомба“, некое звучно засилување и новите најави говорат дека клубот цели кон играчи кои имаат прифатлива цена во исто време се квалитетни и ќе можат да помогнат да се остварат зацртаните цели.
Премиерлигашот ги доведе Андреј Сантош и Јури Тилеманс, но истиот бара уште еден фудбалер на средината на теренот и тоа може да биде Мани Коне од Рома, ас кој за Трој Дини би бил идеален за составот од „Олд Трафорд“.
- Не можам да верувам дека некој како Тотенхем не го забележал Ману Коне, централен играч од средниот ред на Рома, очигледно играше и за Франција. 25 години, одигра 45 натпревари пред две години, одиграл 37 натпревари минатата година, па затоа е издржлив. Игра во француската репрезентација над момци како Камавинга кој го остави зад себе, и веројатно можете да го добиете за околу 60 милиони фунти. Сега, кога ќе погледнете колку Спарс платија за Фернандес, кој двапати испадна од лигата, мислам дека е добра зделка. Би сакал Манчестер Јунајтед да го потпишем - вели Дини и додава:
- Мислам дека е многу, многу талентиран. Мислам дека има атрибути да блесне во Премиер лигата, не само физичкиот елемент; тактички е свесен и ги пробива линиите и со трчањата. Освен Сити и Арсенал, мислам дека тој би влијаел на секој друг среден ред во Премиер лигата. Има атрибути слични на Деклан Рајс; има многу силен мотор, работи напорно, но мислам дека можеби е малку тактички попаметен од Деклан, -истакна некогашниот напаѓач.
Ману е под договор со Рома до 2029 година.








