Андерсон црпи инспирација од една легенда на Сити: Ќе се обидам да играм како него

Дерби

24/07/2026

10:40

251

Големина на фонт

а а а

Елиот Андерсон експресно го привлече вниманието како играч на Манчестер Сити, бидејќи уште при првото обраќање не пропушти да го „чепне“ градскиот ривал Манчестер Јунајтед и да даде жешка најава за дерби средбите кои следат.

Андерсон го нарече Сити како „крал“ на градот Манчестер и посочи дека го бира вистинскиот клуб од овој град, а покрај тоа што проговори за пресметките со Јунајтед кои ќе ги игра во иднина, издвои и една легенда на Сити која му служела како голема инспирација.

Англискиот репрезентативец не крие дека бил заљубен во играта на Кевин Де Брујне уште додека бил дел од младинската школа на Њукасл, па негова цел е да ја преслика играта на Белгиецот во синиот дрес на Манчестер Сити.

– Кевин Де Брујне е човекот на кого многу се восхитував во последните седум или осум години. Додека напредував низ академијата на Њукасл, секогаш сакав да играм како него.

– Го гледав цело време, а сега што седам тука и сум дел од истиот клуб за кој играше тој е нешто што работите ги прави доста посебни за мене, – изјави Андерсон.