ДУИ: Град Скопје да го отстрани незаконскиот билборд и да ја почитува двојазичноста

Макфакс

23/07/2026

15:40

274

Големина на фонт

а а а

ДУИ повика градоначалникот на Скопје веднаш да го отстрани незаконскиот билборд кој не ги почитува законските обврски за употреба на албанскиот јазик и потенцираше дека игнорирањето на двојазичноста создава меѓуетнички тензии во главниот град.

Демократската унија за интеграција уште еднаш го повика градоначалникот на Град Скопје веднаш да го отстрани незаконскиот билборд за добредојде и да го замени со билборд што, како што велат, целосно ги почитува законските обврски за употреба на албанскиот јазик.

„И покрај бројните реакции на граѓаните и јавноста, Град Скопје продолжува да ја игнорира двојазичноста и мултиетничкиот карактер на главниот град. Исклучувањето на албанскиот јазик од официјален билборд не претставува само прекршување на законот, туку и постапка што создава чувство на исклученост и предизвикува непотребни меѓуетнички тензии. ДУИ нема да дозволи почитувањето на албанскиот јазик да зависи од политичката волја на еден поединец. Поради тоа, ќе поведеме правна постапка пред надлежните институции за утврдување и санкционирање на ова прекршување. Сепак, почитувајќи ја реакцијата на граѓаните и потребата од зачувување на соживотот, уште еднаш го повикуваме градоначалникот на Скопје да постапи одговорно, да го почитува законот и да не создава поделби, омраза и меѓуетнички тензии во главниот град. Скопје им припага на сите негови граѓани. Албанскиот јазик не е привилегија ниту декорација, туку право загарантирано со закон. Незаконскиот билборд мора веднаш да биде отстранет“, велат од ДУИ.