Астон Вила ќе направи доста промени во играчкиот кадар во овој летен преоден рок, но заминувањето на дел од фудбалерите автоматски повлекува и ангажман на соодветни замени.
Клубот од „Вила Парк“ остана без играчи како Роџерс, Дињ, Тилеманс, Мален…Онана долго време ќе биде повреден, меѓутоа премиерлигашот работи и е на добар пат да го комплетира четвртото засилување.
По Манзамби, Гомеш и Кеба Сисе нов играч на поранешниот европски првак ќе биде Алехандро Гарначо кој ќе пристигне од Челси.
Се работи за едногодишна позајмица со право на откуп со услови кои лесно можат да направат овој трансфер да биде перманентен.
Аргентинецот немаше добра прва сезона во Челси по доаѓањето од Манчестер Јунајтед, конкуренцијата е голема и ова го искористи Астон Вила и нивниот тренер Унаи Емери кој верува дека може да го извади најдоброто од офанзивецот кој има 22 години.







