[ВИДЕО] Градот кршеше шофершајбни, ветерот рушеше делови од фасади: силна бура беснееше низ северниот дел на Црна Гора

Макфакс

22/07/2026

09:30

8.420

Големина на фонт

а а а

Силен ветер и бура предизвикаа големи оштетувања во северниот дел на Црна Гора, кршејќи шофершајбни, рушејќи фасади и поплавувајќи улици, но без повредени лица.

Градот кршеше шофершајбни на автомобили, силниот ветер корнеше дрвја и однесе делови од фасади, додека поројните води затрупаа некои градски улици со камења, земја и урнатини, во делови од Црна Гора.


Според досегашните информации, нема повредени.


Ветерот според написите сруши и дел од фасада на станбена зграда.

Во некои делови беше прекинато снабдувањето со електрична енергија.