Аргентина се бранеше цели 120 минути во Њу Џерси и не успеа да се доодбрани од налетите на шпанските фудбалери, а клучниот момент се случи на стартот на второто продолжение.
Една акција по десната страна заврши со центаршут и спуштена топка од Нико Вилијамс, по што на неа налета Феран Торес кој небранет од никого погоди за 1:0 и втор историски момент за Шпанија на Светските првенства.
Идентично како во Јоханесбург пред 16 години, доволен беше еден гол за да се освои втора светска титула, а во анализата на финалето кое одеше на „Ај-Ти-Ви“, легендарниот Рој Кин го посочи виновникот за примениот гол на Аргентина.
Славниот капитен на Јунајтед го впери прстот кон Џулијано Симеоне, па иако не сакаше да биде премногу остар кон така млад фудбалер, сепак во друштво на Јан Рајт заклучи дека тој не го испрати својот играч и дозволи Шпанија да постигне гол.
– Не сакам да бидам остар кон така млад играч…. Се виде дека доби удар во воведниот дел од акцијата кога Аргентина беше во напад, но потоа почна да се враќа назад. Не знам зошто застана и не го допрати Торес, мораше да продолжи и да го допрати Торес уште неколку метри, – порача Кин.
Roy Keane and Ian wright talk about Giuliano Simeone not tracking back for Argentina and allowing Ferran Torres to score that goal for Spain in the word cup final pic.twitter.com/AYrJvNBcU5
— NBA Hoops (@Thechat101) July 20, 2026







