Четириесет и петгодишен маж од Струга е приведен поради управување автомобил со 2,56 промили алкохол, при што предизвикал сообраќајна незгода. Возилото му е одземено, а против него ќе биде поднесена кривична пријава.
Четириесет и петгодишен стружанец е приведен откако, управувајќи автомобил под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода на регионалниот пат кај струшкото село Калишта.
Како што соопшти МВР, настанот се случил на 18 јули во 21:12 часот. Н.Б. (45) од Струга управувал „тојота“ со струшки регистарски ознаки, а при увидот полициските службеници констатирале дека имал 2,56 промили алкохол во крвта.
По налог на јавен обвинител, возилото му е одземено, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.







