САД испраќа дополнителни борбени авиони на Блискиот Исток

Макфакс

19/07/2026

21:00

779

Големина на фонт

а а а

САД испраќаат дополнителни борбени авиони на Блискиот Исток поради ескалација на конфликтот со Иран и подготовка за можни воени операции во регионот.

Соединетите Американски Држави распоредуваат дополнителни борбени авиони на Блискиот Исток поради ескалацијата на конфликтот со Иран, јавува германската агенција „ДПА“.

Според медиумите, во регионот се испраќаат авиони Ф-16 од американската база во Германија и Ф-35 од британската база РАФ Лејкенхит, како и авиони за дополнување гориво во воздух.

Американски претставници оценуваат дека потегот се толкува како подготовка за можно проширување на воените операции против Иран, откако примирјето постигнато во јуни пропадна, а борбите повторно се разгореа околу Ормускиот Теснец. Во изминатите денови САД изведуваа напади врз цели во Иран, додека Техеран возврати со напади врз американски сојузници и воени објекти во регионот.