Локацијата во Вруток и натаму обезбедена, резултатите од анализите се очекуваат утре

Макфакс

19/07/2026

12:30

306

Големина на фонт

а а а

Основното јавно обвинителство во Гостивар соопшти дека локацијата во Вруток е обезбедена, а резултатите од анализите на квалитетот на водата од водоводот ќе бидат достапни утре, по што ќе следи одлука за натамошни чекори и известување на јавноста.

Основното јавно обвинителство Гостивар е во постојана координација со Институтот за јавно здравје, каде по наредба на јавен обвинител се вршат анализите и испитувањата на квалитетот на примероците од водата во гостиварскиот водовод.

Според најавите, резултатите треба да бидат готови утре и да бидат доставени до надлежното обвинителство, по што ќе се донесе одлука за натамошниот тек на постапката, а јавноста ќе биде известена, соопшти Обвинителството.

Во меѓувреме, по наредба на јавен обвинител, локацијата во Вруток и натаму е обезбедена.