[ВИДЕО] Во голем пожар во Норвешка уништени повеќе од 100 куќи

Макфакс

18/07/2026

15:23

583

Големина на фонт

а а а

Во јужна Норвешка избувна голем пожар кој уништи повеќе од 100 куќи и принуди стотици жители на евакуација. Пожарникарите со помош на хеликоптери се борат да го стават огнот под контрола, а материјалната штета е значителна.

Повеќе од 100 куќи се уништени во големиот пожар што вчера избувна во јужна Норвешка, а стотици жители беа евакуирани, соопштија норвешките власти.

Пожарот избувнал вчера околу 15:30 часот во населбата Крокстаделва во Драмен, град на околу 34 километри југозападно од Осло. Огнот најпрво зафатил низа куќи, а потоа се проширил кон околното подрачје и блиската шума.

Според норвешките медиуми, повеќе од 400 лица биле евакуирани и сместени во евакуациски центар. Пожарникарите во текот на ноќта продолжиле со гаснењето на пожарот.

Полицијата соопшти дека засега нема пријави за исчезнати лица, додека причината за пожарот сè уште не е позната.

Поради ширењето на огнот кон шумата, гаснењето било дополнително отежнато. Во интервенцијата учествувале голем број пожарникари, а според норвешките медиуми биле ангажирани и хеликоптери за гаснење на пожарите.

Пожарникарите и утрово продолжија со напорите пожарот да биде ставен под контрола. Според првичните информации, причинетата материјална штета е огромна, а голем дел од погоденото подрачје е целосно уништен.