Поморскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец значително опадна по зголемената тензија и обновените судири помеѓу САД и Иран, што предизвика сериозни загрижености во регионалната безбедност и стабилност.
Поморскиот сообраќај низ Ормутскиот Теснец речиси целосно е запрен по обновената размена на напади меѓу САД и Иран, објави компанијата за поморски податоци „Кплер“, пренесе агенцијата „ДПА“.
Според „Кплер“, во четвртокот низ теснецот поминале само осум бродови, што е најмал број во последните три недели. Ден претходно биле регистрирани 15 пловила, додека пред две недели низ Ормускиот Теснец минале 48 бродови. Пред почетокот на конфликтот меѓу САД и Иран, на крајот на февруари, низ теснецот дневно минувале повеќе од 100 бродови.
Во меѓувреме, Иран се закани со сеопшта офанзива доколку продолжат американските напади, а Револуционерната гарда соопшти дека операциите ќе продолжат сѐ додека не се воспостави мир во Ормутскиот Теснец и на јужниот брег.
Иранската државна новинска агенција ИРНА објави дека два нафтени танкери експлодирале и се запалиле додека минувале низ минско поле јужно од Ормутскиот Теснец. Во соопштението не се наведува на која држава ѝ припаѓале пловилата, ниту дали има жртви.







