Американската војска изведе серија напади врз Иран, но Техеран возврати со удари врз воени цели во Кувајт и Јордан, додека американските сили остануваат распоредени во регионот.
Американската војска ја заврши седмата последователна ноќ на напади врз Иран, соопшти Централната команда на САД (CENTCOM), наведувајќи дека цел на операциите биле воена логистичка инфраструктура и други воени објекти.
Во меѓувреме, иранската војска соопшти дека, како одговор на американските напади, погодила воени цели во Кувајт и Јордан. Според иранската државна телевизија, биле гаѓани кампот Ал-Адири и воздухопловната база Али ал-Салем во Кувајт, како и воздухопловната база Ал-Азрак во источен Јордан.
Од CENTCOM соопштија дека повеќе од 50.000 американски војници остануваат распоредени низ Блискиот Исток и се подготвени за борбени дејствија.







