[ВИДЕО] Уапсен велешанец кој возел мотоцикл на игралиште со деца

Макфакс

17/07/2026

14:30

212

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Велес уапси 23-годишник кој возел мотоцикл на игралиште, каде што имало и деца. Мотоциклот бил без регистарски таблички, а возачот немал дозвола за управување. По извршените проверки е известен јавен обвинител, а мотоциклот е одземен.

Поилицијата уапси 23-годишен велешанец затоа што возел мотоцикл на игралиште во Велес.

Според информациите на МВР, синоќа во 00:40 часот на улица „Хаџи Косте“ во Велес, уапсен е С.Ќ.(23) од Велес, постапувајќи по претходна пријава и објавено видео на социјалните мрежи дека на игралиште во Велес управувал мотоцикл без регистарски ознаки.

По преземени мерки и извршени проверки, констатирано е и дека мотоциклот го управувал пред да се стекне со право на управување.

За настанот е известен јавен обвинител, а мотоциклот е одземен и по целосно документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

фото/Depositphotos