Гери Невил излезе со провокативна најава за полуфиналето кое се играше во Атланта и ги нарече аргентинските стопери како „најдобри меѓу најлошите“, зборови кои секако беа наменети за Кути Ромери и Лича Мартинез.
Легендарниот бек на Манчестер Јунајтед ги апострофираше големите грешки кои ги прават и пропустите кои ги имаат во концентрацијата, па иако ја нагласи и нивната глад секогаш да ја поправат ситуацијата со неверојатна страст и максимално залагање, во фокусот остана само негативната страна која ја издвои.
Поради ова, Невил доби брутален одговор од Ромеро кој порача дека се надева дека нема да биде глупав како Гери откако ќе стави крај на играчката кариера, јасно алудирајќи дека не планира да испорачува слични коментари за сите кои се дел од истата професија.
Изјавата на Ромеро брзо се прошири и до англискиот етер, а бидејќи Невил секојдневно се јавува со нови емисии, го искористи најновото обраќање за да ја продолжи војната.
– Ако го немаа Лео Меси, овие двајца нема да направат ништо. Овие двајца треба да го прегрнуваат до крајот на своите животи секој можен ден. Меси е тој кој ги вадеше од секоја неволја на овој мундијал.
– Тој реагираше откако примија два гола од Египет, два од Зелен РТ, еден од Швајцарија и еден од Англија. Не заборавајте дека ги споменав и нивните добри страни и нивниот карактер, но факт е дека прават голем број грешки. Од од највисока точка до најдолна во еден напад и тоа знае да изгледа смешно, – изјави Невил.







