Еурофарм Пелистер доби ривали од Германија, Шпанија и Полска во Европската лига на ЕХФ

Дерби

17/07/2026

13:00

238

Големина на фонт

а а а

Еурофарм Пелистер како вицешампион на Македонија ќе биде дел од второто по ранг европско натпреварување во ракомет, а денеска ги дозна своите ривали за настапот во Еропската лига на ЕХФ.

Денеска во седиштетот на ЕХФ беше извлечена ждрепката и македонскиот тим се најде во групата Г, сегмент во кој за ривали доби ривали од двете најсилни лиги во светот, како и еден од Полска.

Германски Гумерсбах, шпанска Ла Риоха и полски Вибжеже Гдањск се најдоа во иста група со битолчани, што значи дека новиот проект на Пелистер ќе биде сериозно тестиран уште во групната фаза.

Оваа година Европската лига ќе има плејоф коло кое ќе дојде веднаш по групната фаза, а во истото ќе се пласираат двете најдобро пласирани екипи од секоја група.

Во нокаут-фазата ќе се пласираат прво и второпласираните екипи од сите осум групи, на кои ќе им се приклучат третопласираните и четвртопласираните тимови од Лигата на шампионите. Вкупно 28 екипи ќе формираат 14 двојки, чии победници ќе обезбедат место во осминафиналето. Таму ќе им се приклучат и петтопласираните состави од главната рунда на ЛШ, а најуспешните ќе се борат за пласман во четвртфиналето, а потоа и завршниот турнир кој е одреден за Хамбург.

Стартот на новата сезона во Лигата на Европа е закажан за 29-ти и 30-ти септември, датуми кои се резервирани за првото коло во групната фаза.

ГРУПА А: Нексе Нашице, Елверум, Сен Рафаел, Хамарби

ГРУПА Б: Бидасоа Ирун, Лимож, Хафнарфјордур, Мадеира

ГРУПА Ц: Извиѓач Љубушки, Кадетен Шафхаузен, Шамбери, ЧСМ Букурешт

ГРУПА Д: Савехоф, Татран Прешов, Сесвете, Бергишер

ГРУПА Е: Фленсбург, Гранољерс, Бузау, Агуаш Санташ

ГРУПА Ф: Бенфика, Карвина, Торелавега, Холстебро

ГРУПА Г: Еурофарм Пелистер, Гумерсбах, Ла Риоха, Вибжеже Гдањск

ГРУПА Х: Татабања, Валур, Слован Љубљана, Морс