Пенал драмата си го направи своето: Играчите на Силекс и Динамо предизвикаа мал хаос на теренот

Дерби

17/07/2026

11:18

348

Големина на фонт

а а а

Силекс има за што да жали и тагува по елиминацијата која ја доживеа во првото квалификациско коло во Конференциската лига, бидејќи не успеа да профитира од позитивниот резултат на гостувањето (0:1), но ниту да ја искористи својата колосална шанса за пласман во второто коло.

Кратовчани беа домаќини на теренот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот и во второто полувреме не искористија зицер за израмнување на 1:1, па така со важечките 0:1 од раната фаза на средбата, Динамо Минск го однесе мечот во продолженија.

Резултатот не се менуваше во дополнителните 30 минути игра и дојде до изведување на пенали, а таму трагичар беше Тимовски кој ја погоди рамката од голот.

Самиот финиш од мечот донесе и тензија и немир на двете страни, па малиот хаос кој настана на теренот беше расчистен од оние фудбалери кои размислуваа најтрезвено.

Драматичната пенал завршница можеше да донесе и исклучувања на теренот, но на крајот судијата реши да не опоменува и да ги остави картоните во џеб.