Англија беше толку блиску, а во исто време толку далеку до пласман во големото финале на Светското првенство, но нивниот ѕид, бедем попушти при налетите на Аргентина во самата завршница во која прими два гола и на крајот загуби со 2-1.
Селекторот Томас Тухел од вчера е постојана тема на разговор пред на островот, огромни критики трпи Германецот пред се поради неговата одлука, тактичка поставеност откако екипата дојде до предност со погодокот на Гордон.
Мајкл Овен е доста разочаран и испорача коментар без влакна на јазикот.
- Да се вратиш назад, да се повлечеш назад и да ставиш 11 играчи во сопствениот шеснаесетник и само да шутираш најсилно што можеш, да ја исфрлаш топката со глава и што и да е, и да добиеш топка во лице, луѓето мислат дека тоа е храбро. Не е. Сосема е спротивното. Сосема е спротивното. Фудбалот не е за тоа да добиеш топка во носот и да добиеш крв, а сите да велат: „Да, тоа е фантастично, да, погледнете колку сме храбри. Тоа е глупост. Можам да го натерам мојот локален паб тим да го направи тоа.
- Тука го загубивме турнирот, славејќи ја победата над Мексико на начинот на кој го направивме тоа. Беше погрешен начин. Проблемот е што, како играч, штом тоа ќе ти падне на ум, си мислиш: „Ах, победивме“. Сите мислат дека сме одлични, а ние го направивме тоа со ова. Потсвесно, штом сега поведете со 1-0, што мислите дека ќе мислиме ние? Што мислите дека ќе мислат играчите? И потоа менаџерот ќе вклучи тројца дефанзивци. Каква порака мислите дека тоа ќе ѝ испрати на Аргентина?
- Откако поведовме со 1-0, се чинеше дека само се обидуваме да се држиме, што на ова ниво едноставно не е доволно, па затоа сум скршен. Требаше да продолжиме. Требаше да продолжиме да притискаме. Се чувствувавме како да постигнавме гол, а потоа менталитетот беше да се вратиме и да се браниме, - истакна Овен.








