Ливерпул агресивно го нападна пазарот минатото лето, но огромните вложувања не донесоа резултати во првата сезона, екипата остана без ниту еден освоен трофеј, а на крајот стигна информација за разделба со тренерот Арне Слот, но и две клучни имиња Мохамед Салах и Енди Робертсон.
Сега премиерлигашот ќе се обиде да сврти нов лист под водство на Андони Ираола, ама кога се во прашање засилувањата, дилема е колку пари ќе добие Шпанецот за освежување на составот. Виктор Муњоз е единствениот играч кој засега пристигна, плус дефанзивецот Жереми Жаке кој од претходно беше договорот, ама беше оставен на позајмица во Рен.
Мора Ливерпул да побара некои нови лидери, асови кои ќе му помогнат на Вирџил Ван Дајк како капитен, а „црвените“ веруваат дека таков силен импакт, влијание може да има Доминик Собослаи.
Унгарецот беше убедливо најдобриот фудбалер во претходната сезона и за тоа ќе биде награден со нов подобрен договор со важност до 2031 година.
Со ова англискиот клуб решава важна тема, прашање кое знаеше да виси особено по некои изјави на Унгарецот кој порачуваше дека се е отворено и дека во тие моменти нема преговори за продолжување на верноста.







