Го барале под дрво и под камен: Судијата Наумовски поднел оставка без да го извести претседалот на Уставниот суд, Костадиновски дознал од Гаши

A1ON.MK

16/07/2026

14:42

637

Големина на фонт

а а а

Уставниот судија Гоце Наумовски си поднел оставка од функцијата. Од Уставниот суд, информираат дека Наумовски до нив не доставил официјална информација за оставката, но претседателот на судот Дарко Костадиновски добил потврда за оставката во телефонски разговор со претседателот на Собранието, Африм Гаши.

– До Судот, од страна на судијата Гоце Наумовски не е доставена официјална информација дека поднесува оставка. Судијата денеска беше отсутен од седницата. Официјална потврда не е пристигната ниту од Собранието. Претседателот Костадиновски единствено доби потврда за оставката во телефонски разговор од претседателот на Собранието, Африм Гаши – информираат од Уставен суд.


Наумовски беше избран за уставен судија од Собранието на 18 февруари годинава, со 63 гласа „за“, седум против и без ниту еден воздржан.