Антониа Гиговска и Јордан Митев ќе настапат на одбележувањето на Денот на Општина Илинден

Макфакс

16/07/2026

13:40

202

Големина на фонт

а а а

Општина Илинден организира богата културно-уметничка програма на 24 јули за Денот на Општина Илинден, со настапи на македонските музички артисти Антониа Гиговска и Јордан Митев. Граѓаните се поканети да учествуваат и да уживаат во празничната атмосфера.

По повод одбележувањето на „Илинден 2 – ри Август“, Денот на Општина Илинден, на 24 јули (петок), со почеток во 20:00 часот, на новиот парк – плоштад во Марино, Општина Илинден и оваа година подготвува богата културно-уметничка програма за сите граѓани.

Во таа насока, денес во кабинетот на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, на прием беа македонските музички артисти Антониа Гиговска и Јордан Митев. На средбата се разговараше за нивното учество во музичката програма по повод Денот на Општина Илинден, каде граѓаните ќе имаат можност да уживаат во нивните најголеми музички хитови.

Општина Илинден ги поканува сите граѓани да бидат дел од одбележувањето на Денот на Општина Илинден и заеднички да уживаат во богатата програма и празничната атмосфера.