ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Латас: Монтираниот случај конечно падна

Макфакс

16/07/2026

13:00

249

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ реагира на ослободувањето на Драган Павловиќ - Латас од обвинението за даночно затајување и го оцени процесот како политички монтиран од страна на поранешната власт и СЈО.

Монтираниот случај на Венко Заев и Ленче Ристоска од поранешното СЈО кон ВМРО-ДПМНЕ конечно падна и правдата е задоволена, велат од ВМРО-ДПМНЕ по веста дека Драган ПавловиќЛатас е ослободен од обвинението за случајот „Тотал“ за даночно затајување.

„Политичкиот прогон на поранешната власт на Венко Заев и корумпираното СЈО на чело со Катица Јанева која заврши зад решетки и нејзината партнерка Ленче Ристоска кон ВМРО-ДПМНЕ го доби крајниот епилог. Ленче имаше 7 години да го реши случајот, напротив го затрупа во политички окови. Правдата конечно е задоволена, а се докажа дека овој случај не е ништо повеќе од политички монтиран случај кој своевремено имаше други цели, а тоа беше прогон врз функционери на ВМРО-ДПМНЕ за промена на името“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат дека „СДС може секојдневно да држи прес-конференции за некаква си контрола на судството, но граѓаните паметат кој беше алфа и омега во судството и кој влијаел и директно посочувал кој да биде прогонуван во судски постапки и тоа ќе остане во колективната меморија на граѓаните“.