Скопје Виа на 17. јули на Локум фест во Битола

Макфакс

16/07/2026

11:20

195

Големина на фонт

а а а

На музичкиот фестивал „Локум фест“ во Битола, од 16 до 18 јули, ќе има богата програма со етно-фјужн звуци, а на 17 јули ќе настапи групата Скопје Виа, позната по својот уникатен џипси џез и современ балкански звук.

Од 16 до 18 јули, Битола ќе живее со звуците на уникатниот музички фестивал, спој на традиција, емоција, богатство на музички влијанија, обичаи, мултикултуралност, преку еден од ретките фестивали во регионов кој сѐ уште, успешно опстојува 20 години со истиот концепт како во своите почетоци, Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција“.

Настап на Скопје Виа

На 17.јули настапуваат „Скопје Виа“, новата музичка сензација на овие простори. Етно акустичен состав со препознатлив џипси џез звук. Се работи за група која го спојува традиционалниот џипси џез со современиот урбан звук, создавајќи автентична музика што ја освојува публиката.

Прва авторска песна

Минатата година ја промовираа својата прва авторска песна „Под ова небо“. Оваа уникатна комбинира и театарска експресија и современ балкански звук. Членови на групата се: актерката Јана Стојановска – вокал, Мишел Трајковски – хармоника, Хилми Баки – виолина, Никола Петрушевски – кларинет, Влатко Пате– ударни инструменти, Кирил Златановски – контрабас, Ташко Грујоски – гитара и Васил Потиров – гитара.

Фестивал и поддршка

Фестивалот се одржува на јавни простори и е проект од национално значење финансиран од Министерство за култура и туризам и Општина Битола, а се одржува во рамките на Бит фест.