Царинскиот службеник го влечел неколку метри со возилото, косовски државјанин побегнал при царинска контрола на ГП Блаце

Макфакс

16/07/2026

11:00

230

Големина на фонт

а а а

Косовски државјанин побегнал при царинска контрола на Граничниот премин Блаце, повлекувајќи царински службеник со возилото неколку метри. Лицето е уапсено, а во возилото пронајдени се марихуана, нож и пријавени пиштоли.

Синоќа околу 22:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на ул. „Јадранска магистрала“ во Скопје, го лишија од слобода косовскиот државјанин Р.Е. (24).

Претходно, на Граничниот премин Блаце, додека царински службеник вршел преглед на неговото патничко возило „бмв“ со косовски регистарски ознаки, Р.Е. го стартувал возилото, го biridirpнал и го влечел неколку метри царинскиот службеник со возилото, по што се дал во бегство кон Скопје.

Веднаш се преземени мерки и активности од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција и возилото е запрено, а лицето лишено од слобода.

При тоа, извршен е преглед на теренот и пронајдена е кеса со марихуана, а во возилото е пронајден џебен нож.

Р.Е. пријавил и дека додека бегал, фрлил кеса во која имало два пиштола.

Р.Е. е приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.