[ВИДЕО] Николовски: Додека регионот оди напред, добиваат милијарди од ЕУ, Македонија останува заглавена во место

Макфакс

15/07/2026

15:10

135

Големина на фонт

а а а

Пратеникот Љупчо Николовски постави прашања до министрите за европски прашања и животна средина за застојот на евроинтеграциите и блокираните капитални проекти, истакнувајќи дека Македонија ја губи можноста за напредок додека регионот добива милијарди од ЕУ.

Пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски на денешната собраниска седница, за пратенички прашања од опозицијата, опстави две пратенички прашања, едно до вицепремиерот и министерот за европски прашања Беким Сали, и едно до министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа.

Бидејќи двајцата министри беа отсутни, Николовски доби писмен одговор. Во прашањата, Николовски побара одговори од Владата за застојот на евроинтеграциите и за блокирањето на капитални инфраструктурни проекти во Крива Паланка.

Тој побара вицепремиерот и министер за европски прашања да го соопшти планот на Владата за деблокада на европскиот пат на државата, предупредувајќи дека Македонија ја губи историската можност за членство во ЕУ, додека земјите од регионот напредуваат и обезбедуваат милијарди евра европски средства.

Во второто прашање, Николовски побара објаснување од министерот за животна средина зошто две години се блокирани проекти вредни еден милион евра за водоводна и канализациона инфраструктура во Крива Паланка, иако средствата се веќе обезбедени преку заем од Светска банка.