Охрид остана без најдобриот дефанзивец, се сели во Полска!

Дерби

13/07/2026

13:52

242

Големина на фонт

а а а

Екипата на ГРК Охрид се наметнува на домашната и меѓународната сцена каде направи огромен успех со освојувањето на Европскиот Куп на ЕХФ, меѓутоа македонскиот прволигаш се уште е немоќен кога на вратата ќе затропаат „поголеми риби“.

Имено Охрид останува без специјалистот за одбрана, најдобриот дефанзивец Ориол Реј Моралес. Шпанецот доби примамлива понуда од Висла Плоцк од Полска, па иако „гладијаторите“ беа против негово заминувања активирана била откупната клаузула.

- ГРК Охрид ја информира јавноста дека Ориол Реј Моралес повеќе не е член на нашиот клуб.

- Иако клубот апсолутно не беше за разделба со еден од своите клучни дефанзивци пред истекот на неговиот договор, на барање на играчот беше активирана излезната клаузула, а полскиот шампион Висла Плоцк го откупи неговиот договор. Му благодариме на Ориол за посветеноста и придонесот во дресот на ГРК Охрид и му посакуваме успех и во понатамошната кариера, –порачаа од таборот на македонскиот прволигаш.