Шест лица учествувале во физичка пресметка по сообраќајка во Ѓорче Петров

Макфакс

11/07/2026

21:40

203

Големина на фонт

а а а

Во скопската населба Ѓорче Петров се случила физичка пресметка помеѓу шест лица по претходна сообраќајна несреќа, при што полицијата презема мерки за целосно документирање на настанот.

Шест лица учествувале во физичка пресметка на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно случена сообраќајна незгода.

Од МВР информираат дека случајот бил пријавен на 10 јули во 18:00 часот во СВР Скопје.

Според пријавата, во пресметката учествувале Г.Б. (60), Н.Б. (31) и С.Б. (36), сите од Скопје, од една страна, и О.А. (35), П.А. (23) и Ш.А. (63) од село Буковиќ, скопско, од друга страна.

Полицијата презема мерки за целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.