Трамп: Иран побара преговорите да продолжат, но примирјето е завршено

Макфакс

10/07/2026

18:51

182

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД Доналд Трамп објави дека САД се согласиле да продолжат со преговорите со Иран, но нагласи дека примирјето е завршено поради неодамнешните конфликти во регионов.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека САД се согласиле да продолжат со преговорите со Иран, но во исто време повтори дека Вашингтон јасно му ставил до знаење на Техеран дека прекинот на огнот повеќе не е на сила.

„Исламската Република Иран побара продолжување на преговорите. Ние се согласивме со тоа“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.

„Но, Соединетите Американски Држави им ставија до знаење дека примирјето е завршено“, додаде американскиот претседател.

САД започнаа повеќекратни напади врз Иран оваа недела откако Техеран нападна неколку бродови во Ормутскиот теснец. Сепак, Трамп не нареди нови воени напади синоќа.

Дипломат за Си-Ен-Ен изјави дека катарските преговарачи, во координација со САД, отпатувале во Иран за да се сретнат со тамошните претставници.

Американски функционер претходно за Си-Ен-Ен изјави дека стратегијата на администрацијата на Трамп била да започне воени напади, а потоа привремено да ги запре операциите за да се избегне понатамошна ескалација на конфликтот и да се остави простор за продолжување на дипломатијата.

фото/depositphotos