[ВИДЕО] „Главата му беше надвор од авионот, го држевме за нозете“: Драма на небото над Грција - се скрши прозорец, патниците спасуваа Србин

Макфакс

10/07/2026

12:32

1.832

Големина на фонт

а а а

На лет од Солун до Минхен се скрши прозорец на авионот „Рајанер“, што предизвика голема драма кога кабината изгуби притисок. Патниците успеаа да спасат српски државјанин кој бил повлечен надвор од авионот, а пилотот успешно го врати авионот во Солун за итно слетување. Повредените добија медицинска помош.

Вистинската драма се одвивала во петок наутро на летот на „Рајанер“ од аеродромот во Солун до Минхен. Инцидентот, кој ги шокираше патниците, се случил кратко по полетувањето.

За време на летот, се слушнал силен тресок, по што еден од прозорците на авионот целосно испукал, изјавил еден од патниците.

Кабината веднаш изгубила притисок, а маските за кислород биле активирани. Според очевидци, најкритичниот момент се случил кога воздухот почнал да го извлекува 61-годишен српски државјанин, кој седел веднаш до скршениот прозорец.

Телото на мажот било речиси до рамената надвор од авионот, а го спасиле безбедносниот појас, како и патниците кои седеле до него и го влечеле назад, изјавиле очевидци.

Пилотот веднаш го сменил курсот и побарал итно слетување, а успеал безбедно да го врати авионот на аеродромот во Солун.

Според последните информации, повредениот Србин бил однесен во болница со возило на брза помош поради повреда на вратот. Лекарска помош му е укажана и на бремена жена која е префрлена во болницата „Ипократио“, каде по детален ултразвучен преглед е утврдено дека сè е во ред со неа и бебето и таа е пуштена дома.