Ќе се испитува безбедноста на игралиштето во Гостивар каде што 14-годишно девојче почина по пад од лулашка

Макфакс

10/07/2026

15:00

239

Големина на фонт

а а а

Основното јавно обвинителство во Гостивар иницира истрага за безбедноста на игралиштето каде што 14-годишно девојче почина откако падна од лулашка. Истражните органи ќе ги испитуваат сведоците и ќе проверуваат дали реквизитите на игралиштето се во исправна состојба.

Основното јавно обвинителство Гостивар побара обдукција на 14-годишното девојче кое почина откога падна од лулашка на игралиште во Гостивар. Ќе се испитуваат сведоци и ќе се проверува безбедноста на реквизитите на игралиштето.

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид на лице место. Дадена е наредба за обдукција, како и насоки да се преземат повеќе дејствија за испитување на евентуални свидoци и проверки по однос на статусот, безбедноста и одржувањето на реквизитите поставени на игралиштето“, соопшти Обвинителството денес.

Синоќа Медицинскиот центар Гостивар пријавил во тетовската полиција дека кај нив, без знаци на живот, била донесена Ш.Н. (14) од Кавадарци, која престојувала во Гостивар. Паднала од лулашка во паркот во Гостивар, а дежурниот лекар констатирал смрт.

Фото: Депозитфотос