Мала паника во тимот на Тухел: Клучна англиска ѕвезда изолирана од соиграчите поради вирус

Дерби

10/07/2026

14:14

221

Големина на фонт

а а а

Деклан Рајс одигра цел меч против Мексико и покрај тоа што имаше ситни проблеми со задната ложа, но откако успеа да го преживее напорниот натпревар на „Ацтека“, ѕвездата на Арсенал се соочува со нови проблеми пред четвртфиналето со Норвешка.

Како што јавуваат угледните медиуми од Островот, Рајс ги пропуштил двата последни тренинзи на Англија во изминатите два дена, но уште поважно, нема никаков контакт со соиграчите во изминатите 48 часа.

Причина за тоа е вирус кој го нападнал извонредниот играч за врска, кој како што стојат работите, ќе биде во трка со времето за настап на утрешното четвртфинале против Норвешка.

Повеќе детали на оваа тема се очекуваат денеска од селекторот Томас Тухел, а неколку непознати треба да бидат откриени и за Марк Геи кој е неизвесен за настап поради повреда.

Стоперот на Манчестер Сити има проблеми со мускулна повреда, па останува да видиме дали тој и Рајс ќе бидат достапни за Тухел, или Германецот ќе мора да бара други решенија против Норвешка.