Златко Далиќ вчера заокружи едно незаборавна патување и се одјави како хрватски селектор, а после девет години кои беа проследени со големи успеси, „коцкестите“ ќе свртат нов лист.
Хрватската фудбалска асоцијација му се заблагодари на најуспешниот селектор во историјата кој освои сребрен и бронзен медал на мундијалите во 2018-та и 2022-ра година, но спортскиот врв во оваа институција многу брзо ја најде и неговата замена.
Како што информираа најугледните хравтски медиуми како „Јутарњи лист“ и „Индекс“, нов селектор на националниот тим ќе биде Славен Билиќ, човек кој веќе има искуство од водење на најсилниот фудаблски тим на својата родна земја.
Билиќ беше селектор на Хрватска од 2006-та до 2012-та година и постави добри темели кои потоа ги надогради Далиќ, а 14 години по своето заминување, сега дал зелено светло за кам-бек.
Како што јавуваат медиумите, именувањето на Билиќ е закажно за следната седмица, но уште отсега се знаат и луѓето кои ќе го сочинуваат неговиот стручен штаб.
Славен за свои блиски соработници ќе ги поведе со себе Данило Буторовиќ, Деан Рачуница и Батрослав Михачиќ, а ќе го задржи и Ведран Чорлука кој беше асистент и на Далиќ.
Билиќ е добро познато име кое ужива голема поддршка од хрватските навивачи, па бидејќи тоа мислење го делат и самите играчи, најлогична опција за Хрватите беше повторно да му ја доверат репрезентацијата.







