[ВИДЕО] Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ намерно го опструираат носењето на Изборниот Законик поради лошите рејтинзи

Макфакс

09/07/2026

11:50

185

Големина на фонт

а а а

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, тврди дека СДС, Левица и ДУИ намерно го блокираат носењето на Изборниот Законик поради лошите рејтинзи со цел да создадат алиби за евентуални изборни порази и ги обвинува дека ги ставаат партиските интереси пред интересите на дијаспората и граѓаните.

СДС, Левица и ДУИ намерно го опstruираат носењето на Изборниот Законик поради лошите рејтинзи, иако со месеци се создаваше консензус помеѓу политичките партии, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

Наместо договор и носење на Изборен Законик за следниот изборен циклус, додаде тој, СДС, Левица и ДУИ одбраа да создадат една какафонија во јавноста за овој реформски закон.

„Имено, потегот на Левица да се покажат како тврдокорни пред своето членство со не потпишувањето договорот за носењето на ИЗ, доаѓа откако увидоа дека рејтингот не им оди како што посакуваат, и на овој начин создаваат алиби за лошиот резултат на следните избори, и секако, прстот го вперуваат кон ВМРО-ДПМНЕ. Вистинската причина за блокирање на ИЗ е токму стравот и паниката од убедливиот пораз на следните избори“, рече Манасиевски.

СДС пак, додаде тој, откако увидоа дека Левица го блокира ИЗ, и тие да не останат покуси, најдоа начин како да го блокираат ИЗ со поднесување на 10 илјади амандмани, и како што велат, гласањето на дијаспората по електронски пат, односно дека тој чин бил недемократски и неевропски. Секако и за СДС, ВМРО-ДПМНЕ е виновно.

Според Манасиевски, вистинската причина и тука е стравот и паниката од убедливиот пораз на следните избори.

„ДУИ пак од трета страна се приклучува на блокирање на овој процес, со барање да сите одлуки кои се носат во ДИК да бидат носени со консензус, наместо досегашниот начин кој е демократски, односно мнозински модел. И тука, вистинската причина е стравот и паниката од убедливиот пораз на следните избори“, рече Манасиевски.

Повтори дека ВМРО-ДПМНЕ кажа дека се она што ќе го побараат и договорат опозициските партии тие ќе го прифатат, само да се олесни начинот на гласање на дијаспората.

Со ова однесување на опозицијата, според Манасиевски, се докажува дека за нив дијаспората и враќањето на македонските граѓани во сопствената татковина не им е од интерес, туку ги интересираат само партиските интереси.