Делови од Скопје денеска без вода

Макфакс

09/07/2026

07:28

259

Големина на фонт

а а а

Денеска делови од Скопје ќе останат без вода поради изведување водоводен приклучок и поставување на нов систем за автоматско управување во Хидрофор, со можност за намален притисок или недостаток на вода во одредени области.

Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска без водоснабдување ќе останат следните корисници:

– Поради изведување на водоводен приклучок од ф – 100 мм на улицата Гемиџиска крак 1 и крак 2, во периодот од 08.30 часот до завршување на интервенцијата без водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците Гемиџиска и Филип Филиповиќ, општина Гази Баба и

– Поради поставување на нов систем за автоматско управување во Хидрофор Бардовци со фрекветни регулатори постои можност за намален притисок или недостаток на вода во делови од Бардовци во периодот од 08 часот и 30 минути до 14 часот и 30 минути.