Делови од неколку скопски населби денеска без струја

Макфакс

09/07/2026

07:28

258

Големина на фонт

а а а

ЕВН Македонија известува дека денеска делови од неколку скопски населби ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето со струја.

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат следните корисници:

– Во период од 08,00ч до 13,00ч село Рашче, село Копаница и село Бојане, општина Сарај;

– Во период од 08,00ч до 14,00ч улицата Богомилски поход населба Лисиче, општина Аеродром:

– Во период од 08,00ч до 16,00ч дел од потрошувачите на улицата 3 и улицата Индира Ганди;

– Во период од 09,30ч до 14,30ч дел од улицата Пробиштипска, Стоби, Мице, Козар и улицата Виа Игнатиа зграда 8.