Јакин: Ова е голем и посебен момент, како тренер…

Дерби

08/07/2026

15:49

231

Големина на фонт

а а а

Репрезентацијата на Швајцарија избори место во топ 8 фазата на Светското првенство и тоа со победа над еден од фаворитите од сенка Колумбија.

Колумбијците имаа навистина одличен турнир и многумина очекуваа нивна битка со Аргентинеците во четвртфиналето, но Швајцарците имаа поинаков план и на пенали им пресудија на популарните „кафетероси“.

- Мислам дека целата напорна работа што ја вложивме за време на квалификациите и подготовките за Светското првенство се исплати. Постигнавме многу работи, вклучително и нашата игра. Поставивме цел и ја постигнавме. Од почетокот на турнирот, сè се намести онака како што сакавме. Напредуваме, - вели селекторот Мурат Јакин.

- Верувам дека како тренер не можете да доживеете ништо поубаво. Големи честитки до целиот тренерски персонал, играчите, но и до навивачите дома. Ги видов снимките од прославата и тоа беше навистина прекрасна глетка. Ова е голем и посебен момент за швајцарскиот фудбал, - додаде Јакин.