Вардар е пред експресна елиминација од Лигата на шампионите откако доживеа пораз од Купс од 2-0 на вчерашното соочување на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Многу повеќе се очекуваше од „црвено-црните“ особено затоа што по подолго време се вратија на оваа сцена, во првото по ранг натпреварување на УЕФА, меѓутоа очекувањата се едно, реалноста друго и сега претставникот на Финска има отворен пат до второто квалификациско коло.
Македонскиот првак ќе треба да поправи многу работи, но она што е факт е дека скопскиот тим е најслаб, најлош домаќин на првите мечеви кои се одиграа во ЛШ.
Вчера се одиграа десет натпревари (денеска се на програмата уште четири) и токму Вардар го забележа најтешкиот пораз во својот дом, пораз од два разлика. Единствениот друг тим кој не го одбрани домашниот терен беше претставникот на Сан Марино, Тре Фиори кој загуби од Ларн (Северна Ирска) со 1-0.








