Арсенал ја освои титулата во Премиер лигата и беше на чекор од освојување на пехарот во Лигата на шампионите, резултати кои покажуваат дека клубот се движи во посакуван правец, но и резултати кои во исто време не смеат да дозволат опуштање затоа што следи нова сезона, нови предизвици и докажувања.
„Топчиите“ сакаат да додадат свежа крв, да донесат неколку засилувања, а една од желбите е да се освежи средината на теренот. Некои од играчите кои беа на листата се преселија во други средини како Матеуш Фернандеш и Сандро Тонали кои завршија во Тотенхем.
Арсенал се поврзуваше со Бруно Гимараеш, меѓутоа Њукасл ја одби нивната понуда и останува да се види дали англискиот шампион ќе го отвори ќесето за Бразилецот. Едно друго име кое е во „кругот“ е Ману Коне од Рома, играч за кого Патрис Евра верува дека добро би се снашол на „Емирејтс“.
- Ми се допаѓа профилот на Ману Коне за Премиер лигата. Тој има енергија, ја носи топката, сака дуели и работи за тимот. Тие работи се важни во Англија. Премиер лигата е побрза. Немате време да дишете. Затоа, важна работа е адаптацијата. Не го осудувајте по пет натпревари.
- Ако оди во Арсенал со менаџер кој знае како да го користи, мислам дека може да се снајде добро. Тој ги има алатките. Тогаш станува збор за конзистентност, - порача Патрис.







