[ВИДЕО] Николоски: Ќе се дише полесно - Завршивме со реконструкција на железничката обиколница Скопје, линијата Драчево – Илинден

Макфакс

08/07/2026

10:47

525

Големина на фонт

а а а

Во новата железничка обиколница на Скопје, која го поврзува Драчево и Илинден, е завршена реконструкцијата која ќе овозможи пренасочување на товарните возови од градот, со што се подобрува транспортот и се намалува загадувањето.

Завршена е реконструкција на железничката обиколница Скопје, пругата од Драчево до Илинден со што се овозможува пренасочување на товарните возови надвор од Скопје, известуваат од Министерството за транспорт.

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и диркторот на ЈП Железница Инфраструктура Синиша Ивановски, направија увид до реконструираната пруга каде се изврши и тест возење.

По оваа делница ќе се одвива исклучиво товарниот железнички сообраќај, истакна Николоски, што ќе придонесе за подобра организација и развој на целокупниот транспорт.

„Драго ми е што правиме тест возење на обновениот железнички коридор, практичната обиколница на Градот Скопје, линијата меѓу Драчево и Илинден, со која што товарните возови се вадат надвор од Градот Скопје.

Со реализација на овој проект, многу се помага во заштита на животната средина и намалување на загадувањето во Скопје имајќи предвид дека товарните возови нема да влегуваат во Град Скопје.

Ова е проект кој го работеше ЈП Железници Инфраструктура, го заврши во максимално брз рок, во моментов има тест период, за што е потребно да се направии технички прием и очекувам за дваесетина дена карго возовите да ја користат оваа делница. Тоа ќе значи многу за заштита на животната средина и за намалување на загадувањето во Скопје од една страна, но од друга страна ќе значи побрз карго сообраќај на Коридор 10, што ќе значи повеќе бизнис и повеќе железнички композиции на македонските пруги што многу ќе придонесе за развој на бизнисот и целокупниот транспорт.

За многу брзо време, не подоцна од 1 септември се гледаме и на пуштање на употреба и на Градскиот воз, првата линија која ќе оди од Зелениково преку Драчево до центарот на Скопје“, изјави Николоски.