Вчера во Охрид, 74-годишен возач удрил во жена на улицата Јане Сандански, при што жената имала тешки повреди и била пренесена во болница. Несреќата ја истражуваа полициски екипи од СВР Охрид.
74-годишен возач во Охрид удрил во жена. Таа со тешки повреди е пренесена во болница.
Според информациите на СВР-Охрид, вчера во 21:12 часот, на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, патнички автомобил „хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(74) удрил во пешакот М.Т.(84), двајцата од Охрид.
При тоа, М.Т. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид.







