Четворица повредени во судир на бмв и сеат во Скопје, 25-годишник со тешки повреди

Макфакс

07/07/2026

14:00

200

Големина на фонт

а а а

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа во Скопје кога се судриле автомобилите бмв и сеат леон. Едно лице е со тешки повреди, а увид на местото извршила полицијата.

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на улицата Лазар Личеновски во Скопје, информира МВР.

Несреќата била пријавена на 6 јули во 17:50 часот, а во неа учествувале автомобил „бмв“, управуван од 25-годишниот Е.К. од Визбегово, и „сеат леон“, управуван од 48-годишната С.П. од Бразда.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил 25-годишниот Д.С. од Сингелиќ, кој бил сопатник во „бмв“.

Со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и 24-годишната И.П. од Бразда, сопатничка во „сеат леон“. Повредите биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.