Уапсена велешанка поради обид за убиство на вонбрачниот сопруг

Макфакс

07/07/2026

12:40

169

Големина на фонт

а а а

Во Велес е уапсена 30-годишна жена осомничена за обид за убиство на својот вонбрачен сопруг, кој бил повреден со остар предмет и пренесен во болница за медицинска помош.

Полицијата уапси 30-годишна велешанка осомничена за обид за убиство на вонбрачниот сопруг.

Според информациите на МВР, вчера во 19:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишија од слобода 30-годишната Т.Д. од Велес, затоа што во домот со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот 37-годишен вонбрачен сопруг.

Повредениот бил пренесен во Општата болница во Велес за укажување лекарска помош, а Т.Д. била приведена и задржана во полициска станица.

Од страна на полициски службеници ножот бил пронајден и одземен, известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против Т.Д. ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „обид за убиство при семејно насилство“.