Пирло за отсуството на Италија од СП: Катастрофа, но тоа го заслужуваме!

Дерби

07/07/2026

12:26

224

Големина на фонт

а а а

Италија е една од најмноќните фудбалски сили на планетава, земја со четири освоени Светски титули, но и воедно селекција која трипати во низа не успева да се пласира на мундијалите.

Тоа е повеќе од една деценија што јасно говори дека Италијанците се соочуваат со доста проблеми за кои едноставно немаат решение.

Андреа Пирло беше дел од последната генерација која донесе пехар за „аѕурите“ на најголемата планетарна сцена, а како човек чиј збор тежи на Апенините тој смета дека едноставно ова го заслужиле.

- За жал, ова е навистина тежок период за „аѕурите“. Го пропуштивме Светското првенство три пати по ред. Тоа е вистинска катастрофа. Не ни е лесно, но тоа е она што го заслужуваме, со оглед на тоа што сме станале. Затоа мислам дека мора да се подготвиме за иднината, да се подготвиме за квалификации за Евро 2028, а потоа, се надевам, за следното Светско првенство, - порача Андреа за кого Франција има најголеми шанси да стане првак.