Шпанија против Португалија е дербито на осминафиналната рунда на Светското првенство или поточно ова значи дека само една репрезентација ќе може да го продолжи мундијалскиот сон.
Двете селекции имаат супер квалитетни играчи, свои адути и се очекува огромна битка во Тексас. Кристијано Роналдо е еден од играчите за кого доста се говори пред овој меч, ветеранот доста е критикуван, доста се говори за него од почетокот на турнирот, но Шпанците и тоа како имаат почит за него и Гави застана во одбрана на напаѓачот.
-Секогаш го слушам тоа, но од луѓе кои не се во неговиот тим, од навивачи. Оние кои се во неговиот тим ќе имаат огромна почит кон него. Очигледно, Кристијано е еден од најдобрите играчи во историјата и може да направи разлика во секој момент, -вели фудбалерот на Барселона.
-Да, јасно е дека тие се најсилниот противник со кој сме се соочиле досега. Тие се одлична репрезентација со добри играчи. Се надевам дека тимот е фокусиран на она што треба да го направиме, на планот на тренерот и дека сите ќе одиме заедно за да го добиеме овој натпревар. Тие имаат одличен среден ред, но и ние имаме многу добри играчи. Мислам дека најдоброто нешто што го имаме е толку голем состав со добри фудбалери, -додаде големиот борец.
Средбата се игра вечерва од 21 часот.







