Малиот брат на Јамал го украде шоуто со незаборавен перформанс на трибините: Заљубен сум во него

Дерби

03/07/2026

10:50

298

Големина на фонт

а а а

Ламин Јамал не учествуваше во ниту еден од трите голови кои ги постигна Шпанија, но поради максималното залагање и дриблинзите кои ги имаше во завршната третина од мечот, младата ѕвезда на Барселона беше избрана за МВП од ФИФА.

„Фуријата“ ги запали моторите во нокаут фазата и го одигра најкомплетниот меч во досегашниот тек на мундијалот, а додека Шпанците ја полнеа мрежата на Австријците, шоуто го украде малиот брат на Јамал.

Малечкиот Кејн режираше неверојатно симпатична сцена по голот за 3:0 на Ојарзабал, па откако видеото стана вирално, истото мораше да го коментира и Ламин.

– Емотивно е кога ги гледате своите најблиски на трибините, како ве гледаат на еден мундијал. Мајка ми го живее животот за кој секогаш сонуваше.

– За мене ова е исполнување на сонот, а кога го гледам мојот мал брат, навистина станувам емотивен. Се што правам на теренот, го правам за него. Тој е како мој син, едноставно заљубен сум во него, – изјави Јамал.