Пијана мајка ја претепала малолетната ќерка, маж со огнено оружје и се заканувал на сопругата: осум пријави за семејно насилство до МВР

Макфакс

02/07/2026

15:20

239

Големина на фонт

а а а

Полицијата евидентира осум пријави за семејно насилство во последното деноноќие, при што повеќе лица биле лишени од слобода по пријави за физички напади во семејниот дом, вклучувајќи и закани со огнено оружје.

Полицијата во последното деноноќие евидентирала осум пријави за семејно насилство, при што лица биле лишени од слобода а со едно бил извршен службен разговор.

Според МВР, вчера во 16 20 часот, на улицата „Иван Трпески“ во Кичево, лишена од слобода е Ј.С.(40) од Кичево по претходна пријава дека во семејниот дом, во алкохолизирана состојба физички ја нападнала нејзината малолетна ќерка, соопшти полицијата.

Полициски службеници од СВР Куманово утрово 02.07.2026 во 01:45 часот го лишиле од слобода В.В (34) од Куманово.

Полицијата постапила по претходна пријава од неговата 29 годишна поранешна сопруга, дека во неговиот дом, физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Утрово во 04:00 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.М.(46) од Скопје по претходна пријава дека на 01.07.2026 околу 18:30 часот во домот со тврд предмет физички го нападнал неговиот малолетен син.

Во Битола пак вчера во 17:00 часот на ул.„Ванчо Јаневски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода В.А.(53) од Битола бидејќи истиот со огнено оружје во семејниот дом се заканувал на неговата сопруга. По документирање на настанот против истите ќе следува соодветен поднесок.

Во ОВР Прилеп, вчера во 10:00 часот Н.М.(50) од Прилеп пријавила дека била физички нападната од нејзината стрина Р.М.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Истиот ден 67-годишна жена од Росоман пријавила дека во домот, нејзиниот сопруг Б.А. кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал.

Вечерта на 01.07.2026 во 21:15 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Ѓ.(21) од Скопје по претходна пријава дека околу 12:00 часот на подрачјето на Карпош физички ја нападнал неговата поранешна 20-годишна партнерка, и упатувал закани и и го оштетил мобилниот телефон. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Претходно во 20:40 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.П.(38) од Скопје по претходна пријава дека околу 13:30 часот во домот физички го нападнал неговиот 76-годишен очув. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.