Пожар избувна во болница во Германија, има жртви

Макфакс

02/07/2026

11:50

156

Големина на фонт

а а а

Двајца пациенти загинаа и најмалку 34 лица се повредени во пожар што избувна во болница во Лудвигслуст, Германија. Болницата е евакуирана, а пожарот е под контрола, додека жителите се предупредени да останат внимателни поради густ чад.

Двајца пациенти починаа рано утрово во пожар во болница во Лудвигслуст, на север од Германија, а најмалку 34 лица се повредени, објави противпожарната служба на тој град.

Болницата е целосно евакуирана откако избувнал пожарот, а противпожарната служба објави дека пациентите се згрижени на безбедна локација во рамките на болницата, пренесува „Тагешау“.

Според првичните информации, пожарот избувнал во собата на еден од пациентите, по што се запалил и покривот на радиолошкото одделение.

Како што е објавено, пожарот сега е под контрола, а поради густиот чад, жителите на околните улици се предупредени да ги држат прозорците и вратите затворени.