Без вода денеска дел од Шуто Оризари

Макфакс

02/07/2026

07:21

180

Големина на фонт

а а а

Поради нов водоводен приклучок на улицата Плачковица, дел од населбата Шуто Оризари ќе остане без вода денеска, со прекин на водоснабдувањето од 09:00 часот до завршување на работите.

РЦУК – Скопје известува дека денеска поради нов водоводен приклучок од ф -500/150 на улицата Плачковица бб, населба Шуто Оризари со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Индира Ганди горниот дел во населбата Шуто Оризари до Гробишта.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.