Уапсен крадец во Неготино, обивал кафемати и ги крадел парите од нив

Макфакс

01/07/2026

12:10

113

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Неготино уапси човек осомничен за оштетување и кражба од кафемати на повеќе локации, при што дел од украденото е вратено на сопственикот.

Полицијата вчера го уапси И.Д.(28) од Неготино, поради сомнение дека на неколку локации во Неготино, со употреба на подесен алат оштетил кафемати и одзел пари од нив.

Дел од одземеното е пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. Известен е јавен обвинител и по документирање на настаните, против И.Д. ќе бидат поднесени соодветни пријави.