СДСМ: Мицкоски во Кисела Вода „открива“ проекти финансирани од унгарскиот кредит – а парите исчезнаа

Макфакс

01/07/2026

11:20

159

Големина на фонт

а а а

СДСМ обвинува дека Мицкоски во Кисела Вода промовира проекти кои наводно се финансирани од унгарски кредит, додека вистинските пари од заемот исчезнале. Партијата предупредува на сомнителни финансиски услови и бара одговори за судбината на заемот од една милијарда евра.

Мицкоски и унгарскиот кредит

Христијан Мицкоски денес во Кисела Вода ќе врши увид во проекти кои, според него, се финансирани од унгарскиот кредит. Класичен потег: кога парите од Орбановиот заем, т.н. унгарски кредит и кинеските средства исчезнаа во магла, а јавноста почна да прашува каде завршија една милијарда евра, тогаш одеднаш се појавуваат „проекти“ кои наводно се финансирани со тие пари“, велат од СДСМ.

Сомнителна финансиска конструкција

„Ова е постхумна легитимација на сомнителна зделка. Унгарскиот кредит од 1 милијарда евра е една од најсомнителните финансиски конструкции во последните години. Услови со провизии кои се поволни за некого, но не и за државата. Кинески пари во НАТО земја.

Обиколки и етикети

А сега, кога треба да се покаже нешто конкретно, се прави обиколка по општини и се лепат етикети „финансирано од унгарскиот кредит“ кои се со буџетски пари, односно пари на граѓаните.

Ревизија и истрага

Мицкоски и неговата Организирана криминална група имаат еден проблем: парите ќе бидат предмет на ревизија и истрага. Сега нека прават турнеи и снимки за да создадат впечаток дека нешто се гради.

Недостасуваат само руски изведувачи и српски надзор – тогаш би се заокружил целиот круг на странски интереси во Македонија.

Граѓаните сакаат одговори

Граѓаните сакаат да знаат каде точно отидоа една милијарда евра и зошто Македонија се задолжи кај Орбан и Кина, додека имаше подобро услови на пазарот. Ова е маскирање на криминал и домашна пропаганда за пласирање нови лаги. Мицкоски на власт дојде со лаги, сега владее со лаги“, соопшти СДСМ.