Разочараниот Клинсман распали: Ова е срамота, ќе има последици…

Дерби

01/07/2026

10:48

185

Големина на фонт

а а а

Германија важи за една од најголемите светски фудбалски сили, но она што е очигледно и поткрепено со резултати е дека ова земја од 2014 го губи сјајот, поточно не е репрезентација од која сите треба да стравуваат.

Од освоеното СП пред 12 години, Германците имаат огромни проблеми пред се на мундијалите каде во два наврати не ја минаа ниту групната фаза, а на овој турнир беа шокантно елиминирани во првата нокаут фаза од Парагвај.

Избраниците на Нагелсман потфрлија, немаат соодветни решенија и дозволија мечот да бидат решаван на пенали каде јужноаметиканците имаа повеќе трпение и знаење.

Овој настап носи огромни критики, останува знак прашање и дали селекторот Нагелсман ќе преживее, а дека мора нешто да се менува порача и легендарниот Јирген Клинсман.

- Начинот на кој бевме елиминирани е поразителен, срамота, нешто што никој, апсолутно никој, не го очекуваше. Одговорноста е на сите – од тренерскиот персонал до федерацијата, па сè до секој играч кој беше повикан во овој состав од 26 играчи. Сите придонесоа за оваа катастрофа.

- Сè, од врвот до дното, мора да се доведе во прашање и да се дискутира. Секако, ќе има последици, какви и да се тие последици, - истакна Клинсман.